Утрински Весник
Балкан

Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност за дијалог со демонстрантите во Тирана и другите градови во државата

20261014213738 big 730x400 49.webp.webp

Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност за дијалог со демонстрантите во Тирана и другите градови во земјата.

„Албанија е наша заедничка татковина. Таа е дом на сите. Ги следев протестите, барањата, но со жалење – и насилните дејствија во последните два дена. Гласот на секој граѓанин мора да се чуе, особено гласот на младите луѓе, кои ја претставуваат надежта и иднината на нашата земја. Сепак, насилството не е и никогаш не може да биде решение. Тоа му штети на општеството, ја нарушува безбедноста на граѓаните и го поларизира демократскиот соживот“, рече претседателот на Албанија.


Тој додаде дека во овој момент на земјата и се потребни смиреност, одговорност и дијалог. Бегај повика да се слушнат едни со други за да се најде решение во интерес на граѓаните и Албанија.

„Апелирам до сите да избегнуваат насилство и да не дозволат тензиите да го нарушат уставниот поредок и стабилноста на земјата. Ги охрабрувам силите на редот и законот во нивните исклучително деликатни должности и им посакувам брзо закрепнување на секое повредено лице – полицаец или демонстрант“, рече  албанскиот претседател. 

Можете да прочитате

Турција најавува можност за предвремени избори во 2028 година, што би му овозможило на Ердоган повторно да се кандидира

Само мал дел од приведените во првите денови од протестите во Албанија се студенти, изјави Хита

Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три лица, а четири се водат за исчезнати