Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ја прими европратеничката Гарсија Перез

Пендаровски ја прими европратеничката Гарсија Перез

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалдемократите во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за текот на евроинтеграциите на Северна Македонија, скрининг-процесот и приспособувањето на македонското со европското законодавство. Во таа насока беше разговарано за темпото на реформските процеси и актуелната политичка состојба во државата.

Соговорниците разменија мислења и за најновите безбедносни и економски околности во Европа, за случувањата во Унијата, како и за приоритетите и целите на Прогресивната алијанса за кои се залагаат во Европскиот парламент.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка од европските социјалдемократи за интеграцијата на Северна Македонија, потврдена и во резолуциите на Европскиот парламент.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?