Утрински Весник
Спорт

Баерн Минхен, рекордер по бројот на фудбалери на Мундијалот

Баерн Минхен, рекордер по бројот на фудбалери на Мундијалот

Како што се приближува почетокот на Светското првенство во Катар, се кристализираат многу категории и статистички параметри. Откако селекторите ги објавија списоците на фудбалери на кои сметаат, беше објавено и кои клубови даваат најмногу фудбалери на овој Мундијал. Во Топ 5 има и мало изненадување.

dobivaj vesti na viber

Најмногу претставници ќе има Баерн Минхен, вкупно 17, додека Барселона ќе има 16 фудбалери, колку и Манчестер Сити.

Ал Сад со 15 репрезентативци е на четвртото место, што е изненадувачки. Секако дека најголемиот дел од катарските репрезентативци настапуваат за катарскиот клуб, но не се очекуваше дека вака ќе биде претставен еден од најтрофејните клубови во Катар.

Манчестер Јунајтед го затвора Топ 5 со 14 фудбалери, додека Реал Мадрид е на шестото место и на претстојното Светско првенство ќе има 13 фудбалери.

Во Топ 10 клубовите со најмногу репрезентативци се и Ал Хилал (12), Челси (12), додека десеттото место го делат шест клубови со по 11 репрезентативци и тоа Ајакс, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Јувентус, ПСЖ и Тотенхем.

Што се однесува до клубовите од регионот, Динамо Загреб обезбедува пет репрезентативци, а Црвена звезда – тројца.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија