Утрински Весник
Економија

Николовски: Со Договорот за слободна трговија до слободен и безцарински извоз на нашите земјоделски производи во Украина

Николовски: Со Договорот за слободна трговија до слободен и безцарински извоз на нашите земјоделски производи во Украина
Dik 300x250 mk

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денска во Украинската амбасада во Прага во присуство на двајцата премиери на Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка ги потпиша одлуките за ревидирање на протоколите од Договорот за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Преку потпишувањето на овој Договор се овозможува безцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежото овошје и зеленчук. Македонските земјоделски производи зелка, јаболко, домат, краставица, грозје, како и други земјоделски производи, слободно ќе се извезуваат за Украина. Со потпишувањето на овој Договор се постигнува и многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло на стоката.

Зајакнувањето на соработката помеѓу нашите две држави доаѓа во значаен момент за двете држави, а бенефит од овој Договор ќе имаат македонскиот и украинскиот народ.

Министерот Николовски упати благодарност до премиерот на Украина Денис Шмихал и заменикот министерот Тарас Качка, што во вакви сложени услови изнајдоа време и желба за да се потпишеме овој значаен договор.

Можете да прочитате

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора