Утрински Весник
Магазин

Кристијан Бејл: Актерите добиваат улоги кои Ди Каприо ги одбива

Кристијан Бејл: Актерите добиваат улоги кои Ди Каприо ги одбива

Кристијан Бејл даде интервју за магазинот „Џи-кју“ (GQ) во кое истакна дека својата кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

dobivaj vesti na viber

Бејл открива дека кариерата ја изградил на улогите кои Ди Каприо ги одбил затоа што режисерите редовно одат прво кај него, а дури потоа кај сите други актери.

„Не сум само јас. Така е денес, така е веќе некое време. Секоја улога што ја добива еден актер е улога што Ди Каприо претходно ја одбил. Нема врска со тоа колку си добар со одреден режисер, секоја улога што сум ја глумел му била понудена претходно“, рече Бејл и додаде: многу луѓе ми го кажале тоа. Затоа, ти благодарам, Лео.

„Тој буквално може да избере што ќе работи. И добро за него, тој е феноменален. Благодарен сум што добивам каква било улога, јас сум свесен дека не можам да глумам како него. Не би можел ниту да живеам со славата со која тој живее, а тоа го прави на одличен начин“.

Можете да прочитате

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување