Утрински Весник
Економија

Од полноќ поевтинуваат бензинот и дизелот

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,28% во однос на одлуката од 16.11.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување
и тоа во просек: кај бензините за 5,874%, кај дизелот за 6,505%, кај екстра лесното масло има намалување за 5,671% и кај
мазутот намалувањето е за 2,236%.


Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,4248%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 1,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 24.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,110 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг и сега ќе изнесува 48,110 ден/кг

Можете да прочитате

Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години

САД ја засилуваат битката за критичните минерали: рударството е дел од иднината

Од Нова Година скопјани ќе плаќаат поскапо парно?