Утрински Весник
Култура

„Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“, во Музејот на современа уметност

„Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“, во Музејот на современа уметност

По повод осумнаесеттото издание на Италијанскиот ден на современата уметност Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот Институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современа уметност во Скопје, организираат уметничка изложба под наслов „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на овој иновативен уметнички проект на италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци, претставува еден вид на заокружување на нивното современо уметничко истражување реализирано во месец април 2022 година, на падините на новосоздадениот Национален парк Шар Планина, проследено исто така и од локалните студенти од катедрата за уметност и дизајн при универзитетот во Тетово.

Проектот исклучиво третира прашања поврзани со животната средина, имајќи за цел да ја стимулира јавната свест за важноста на природното наследство на Северна Македонија како и да ја истакне уметничката вредност на нејзиниот биодиверзитет, особено по формирањето на овој нов национален парк, кој патем ја зголемува целосната површина на заштитено подрачје до 14 отсто.

Инаугурацијата на оваа уникатна уметничка колекција ќе се одржи во сабота, 8 октомври 2022 година, во 12.00 часот, во просториите на Музејот на современа уметност во Скопје.

Уметничките дела ќе бидат изложени до 26 октомври 2022 година, во првата изложбена сала, а потоа некои од нив ќе бидат донирани на Музејот (кој веќе вбројува значајна донација на италијански современи уметнички дела) како и на институциите вклучени во проектот. Некои од инсталациите ќе бидат оставени на самиот терен каде што биле создадени (Шар планина), како симбол на логичко затворање на природниот круг.

Изложбата е организирана со поддршка на Министерствата за култура и за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, а во соработка исто така и со Националниот парк Шар Планина, Планинарскиот клуб Љуботен и Македонското еколошко друштво.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“