Утрински Весник
Македонија

Бугарското МНР: Говорот на омраза од трибините во Скопје е во спротивност со европските принципи

Бугарското МНР: Говорот на омраза од трибините во Скопје е во спротивност со европските принципи
Img 5587

Бугарското министерство за надворешни работи го осудува исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Македонија во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тамошното министерство велат дека говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување.

Img 5587

„Ја добивме реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар. Истовремено, повикуваме на решителни и неповратни чекори на официјалните власти во Скопје за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Во таа насока, потсетуваат дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза.

„Зачувувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат минато. Само во овој дух двете земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство“, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години