Утрински Весник
Спорт

Ирвинг: Тоа што одбив да се вакцинирам ме чинеше 100 милиони долари

Ирвинг: Тоа што одбив да се вакцинирам ме чинеше 100 милиони долари

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг вели дека пропуштил четиригодишно продолжување на договорот вредно 100 милиони долари поради тоа што одбиваше да се вакцинира против КОВИД-19.

dobivaj vesti na viber

Ирвинг ги пропушти домашните мечеви на почетокот на сезоната 2021/22 до крајот на март поради правилата воспоставени во Њујорк околу задолжителното вакцинирање, и сега вели дека одбил продолжување на договорот со Нетс бидејќи чувствувал дека така ќе добие „финансиски ултиматум“ да се вакцинира.

„Пропуштив договор од четири години од 100 и нешто милиони со тоа што останав невакциниран и тоа беше мојата одлука. Да го добијам тој договор и да се вакцинирам или да останам невакциниран и да има неизвесност околу мојата иднина во овој тим и во НБА лигата, тоа беше изборот. Ќе се справам со последиците за мојата одлука“, вели Ирвинг.

Генералниот менаџер на Нетс, Шон Маркс ги отфрли тврдењата дека имало ултиматум за вакцинирање.

„Немаше никаков ултиматум за да се вакцинира. Тоа е личен избор. Останувам зад Кајри и да сакаше ќе го направеше тој избор да потпше договор. Тоа е негова одлука“, вели Маркс.

Можете да прочитате

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА