Утрински Весник
Македонија

Скопјанец тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу товарно и две патнички возила

Вчера околу 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. 3 во с. Студеничани, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“, управувано од Г.Ѓ.(68) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Ш.И.(41) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, кое го напуштило местото, сите со скопски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

По несреќата, возачот Ш.И. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Обид за палење дуќан во скопски Центар

Осум лица возеле без да имаат положено, полицијата ги уапси

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА