Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Ковачевски да се извини на македонскиот народ затоа што ја носи државата кон ново национално предавство

300x250 (7)

Димитар Ковачевски е срам за македонскиот народ. Продолжувањето по стапките на неговиот ментор Зоран Заев, каде што убедливо ја носи државата кон патот на пропаст и национален срам, го прави уште полош премиер и од самиот Заев. Прашањето кое што го поставува јавноста е следново: Зошто Ковачевски бега од соочување со граѓаните на референдум? Дали со тоа што вели дека е чекор назад референдумот во целиот процес значи дека е свесен дека граѓаните не го поддржуваат, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека Димитар Ковачевски треба да се извини на македонскиот народ, на граѓаните затоа што ја носи државата против волјата на граѓаните кон ново национално предавство.

Ss1

Арсовски истакна дека манипулациите на Ковачевски и кликата околу него ќе пропаднат ако тој прифати и излезе на референдум и затоа и е исплашен и се плаши од народот, како што всушност видовме дека е исплашен и на онаа приватна партиска прослава која што ја имаше направено во Крушево каде што не им допушти на граѓаните да го чествуваат празникот како што доликува и треба.

Дополнително, додека Ковачевски оди против сопствениот народ, на државата и се случува економски крах. Ценовни шокови, поскапувања, инфлација, најнизок раст на БДП во регионот, најмалку странски директни инвестиции во државата.

Ова е класичен неуспех на Ковачевски и на целиот тим на СДСМ во владата. Ковачевски и сите тие околу него кои што управуваат со владата се срам за Република Македонија, изјави Арсовски.

Ss1

Можете да прочитате

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето