Утрински Весник
Македонија

Седумина повредени во сообраќајна несреќа меѓу товарно и патничко возило на автопатот Гостивар-Тетово

Синоќа во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид

ВЛЕН: Кој од ДУИ денес има интерес, и колку е платен, за да брани босанска фирма која со години не градела ништо, а чинела милиони?

Пијани малолетници на мотор направиле сообраќајка во Штип