Утрински Весник
Македонија

Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук-страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект.

Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на „Фејсбук“.

„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот.

Можете да прочитате

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан”