Утрински Весник
Спорт

Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо

Новото засилување за Рома, српскиот ветеран Немања Матиќ признава дека се решил за трансфер во италијанскиот клуб поради тренерот Жозе Мурињо, со кого ќе работи и во трет клуб, по Челси и Манчестер јунајтед.

33-годишниот Матиќ потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона со „волчицата“ со годишна плата од 4.3 милиони евра, и вели дека е подгтовен да ја преземе одговорноста.

„Со Мурињо се познаваме многу добро и среќен сум што е тука. Тука сум за него, но среќен сум исто така што сум дел од овој голем клуб, кој секогаш бил атрактивен за фудбалерите. Ќе се обидам да го поминам Лампард како играч со најмногу настапи под Мурињо. Тимот има многу квалитетни фудбалери со многу млади фудбалери кои се тука за иднината. По осум и пол години сакав ново искуство. Рома и Серија А е голем предизвик за мене. Можев да останам во Премиерлигата, но се решив за Серија А, лига со многу големи клубови и мислам дека не згрешив. На Јунајтед им посакувам да се подобрат и повторно да освојуваат титули. Не знам кога ќе се случи тоа, но бев среќен таму“, вели Матиќ.

Можете да прочитате

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран