Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Нема притвор за производство на дрога затоа што е брат на шефот на кабинет на Ковачевски

(Видео) Стоилковски: Нема притвор за производство на дрога затоа што е брат на шефот на кабинет на Ковачевски

38 годишниот И.П. на 24 септември 2020 година бил приведен за производство на дрога. Но до ден денеска нема судска разрешница за овој настан. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали лицето И.П. не добива притвор бидејќи е брат на шефот на кабинет на Ковачевски.

“Зад мене ја следите полициската видео снимка при акција во скопско Визбегово, каде според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сѐ не. Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38 годишниот ИП”, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

По година ипол, случајот сѐ уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува.

Според Стоикловски причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот, за кога еден ден во иднина случајот добие пресуда, евентуалното време за издржување затворска казна биде скратено со времето минато во домашен притвор, дотолку повеќе, ако воопшто Попов влезе во ќелија.

“Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ”, изјави Стоилковски.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара