Утрински Весник
Македонија

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Image 2026 10 24 162111490.png

„По сите неостварени ветувања на СДСМ за подобар студентски стандард во период од седум години, дури и ветувања за изградба на нов „студентски град“, Министерството за образование и наука со поддршка од ЕУ во јули 2024 година ја започна и неодамна ја заврши реконструкцијата на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје. Тоа е првиот од вкупно девет домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани во текот на мандатот на актуелната Влада. Отстапки нема да има, младите се во фокусот на политиките на МОН.  

Истата политичка партија, денес без нималку срам обвинува дека условите во реновираниот дом во скопска Автокоманда, не се соодветни. Ги покануваме кога сакаат, да влезат и да направат увид, но и споредба со објектите кои тие ги имаат „изградено или реконструирано“ во време на нивниот мандат и да дадат оценка на успешноста на завршената работа. Дела не се споредуваат со нула реализирани ветувања. Четири министри во време на нивниот мандат, не успеаја да сврзат две цигли.


Изолирани ситуации во реновираниот дом може да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира. Но, несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот… Сите ситуации се надминати.

Условите во „Стив Наумов“ се одлични, а храната согласно пропишани нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време. Залудни се обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и за поттикнување незадоволство кај студентите. Така можат со своето членство, но пошироката јавност не верува на нивните приказни. Конечно, однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот – лицемерие“, стои во соопштението на МОН

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Приведени 12 возачи, 10 возеле без положен возачки испит