Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Ниту една војна не нè заобиколи, а нема да нè заобиколи ниту сега

Лукашенко: Ниту една војна не нè заобиколи, а нема да нè заобиколи ниту сега

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека негова главна задача е да ги заштити Белорусија и нејзините граѓани од војна.

На средбата со активистите од регионот на Витебск, Лукашенко истакна дека ситуацијата во светот постојано се влошува, дека има конфронтација меѓу геополитичките играчи, додека пандемијата на коронавирус ја влошува целата ситуација.

Лукашенко ги повика властите да спречат повторување на настаните од 2020 година.

„Ниту една војна не нè заобиколила во минатото, ниту сега. Не дај Боже. Затоа мојата задача е да ги спасам државата и народот од војната“, изјавил Лукашенко, пренесуваат руските агенции.

Тој додал дека треба да се посвети внимание на прашањата за територијалната одбрана.

„Не сакам нашиот народ уште еднаш да се најде, не дај Боже, во центарот на некаква војна. Знаете дека имаме територијална одбрана и територијални трупи“, нагласил Лукашенко.

Лукашенко изразил загриженост и за можноста од кибернапади, наведувајќи дека доколку не се преземат неопходните мерки за заштита, тоа може да доведе до сериозни последици.

Можете да прочитате

Тројца мажи во Јордан осудени на смрт за минатомесечниот напад врз православна црква

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници