Утрински Весник
Македонија

Конституиран комитет и преговарачки тим за Коридорите 8 и 10

Бочварски: Градиме модерен и безбеден автопат на Коридор 10.

Владата донесе одлука за конституирање на Комитет за преговори и преговарачкиот тим за имплементација на проектот за изградба на Коридор 8 и Коридор 10.

За членови на Комитетот за преговори се определени: првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.

Како посебен заклучок, Владата одлучи да достави допис до Собранието со барање да се номинира и претставник на најголемата опозициска партија, за член на овој Комитет.

Можете да прочитате

Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим во Анкара на основачкиот конгрес на Yeni Parti

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор

Променливо облачно време – 24info.mk