Утрински Весник
Македонија

Петровска: Вмешани ли се и лица блиски до Мицкоски во скандалот за нелегално партиско финансирање

Петровска: Вмешани ли се и лица блиски до Мицкоски во скандалот за нелегално партиско финансирање

Според јавно обeлоденети информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин, рече на денешната прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, во однос на предистрагата на Управата за финансиска полиција за нелегално финансирање на политичка партија.

Како што кажа таа, постои основано сомневање дека на крајот овие пари завршиле во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

„Едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка е и татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Ширењето лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал. Јавно прашуваме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски?“, посочи Петровска и додаде дека за секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите.

Можете да прочитате

Филипче: Каде заврши милијардата евра од унгарскиот заем со кинески пари

Сообраќајна незгода во строгиот центар на Скопје, повреден мотоциклист

Загрижувачка здравствената состојба на Стевчо Јакимовски – по три операции направени се уште е во болница