Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За зголемување на мнозинството сме во отворена комуникација

СДСМ: За зголемување на мнозинството сме во отворена комуникација

Како сериозна политичка партија, посветена на демократските процеси во државата, остануваме отворени за понатамошна комуникација со сите политички партии, особено со оние кои ги делиме истите вредности, рече денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали партијата работи на зголемување на парламентарното мнозинство.

„Претседателот Заев и во Владата и во партијата поднесе оставка, но во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени сè до целосно стабилизирање на државата. Еден од тие процеси за стабилизација на државата е и зголемувањето на мнозинството и стабилизирање на парламентарното мнозинство. Денот на гласањето кога сакаа да се изгласа недоверба, стана јасно дека опозицијата го нема тоа долго најавувано парламентарно мнозинство“, посочи Петровска запрашана за видување за расплетот на политичката криза.

Можете да прочитате

Филипче: Каде заврши милијардата евра од унгарскиот заем со кинески пари

Сообраќајна незгода во строгиот центар на Скопје, повреден мотоциклист

Загрижувачка здравствената состојба на Стевчо Јакимовски – по три операции направени се уште е во болница