Утрински Весник
Свет

Песков: Лажни вести за руската воена опрема во близина на Украина

Песков: Лажни вести за руската воена опрема во близина на Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги советуваше новинарите да не губат време читајќи лажни вести, како што е извештајот на американските медиуми за акумулација на руска воена опрема во близина на границите со Украина.

„Не вреди да се коментира квалитетот на овие извештаи и воопшто таквите вести треба да се игнорираат. Извештаите зборуваат за границата со Украина, но ја посочуваат границата со Белорусија. Самото тоа најдобро покажува дека не треба да се губи време со вакви лажни вести“, изјави Песков коментирајќи ја статијата објавена на американскиот портал „Политико“, а пренесена од руските агенции.

Портпаролот на Кремљ посочи дека распоредувањето на руска воена опрема и армиски единици на територијата на земјата е исклучиво работа на Москва.

„Русија никогаш никому не се заканувала, никому не му се заканува и не претставува опасност за никого. Но Русија е земја која во контекст на агресивни експанзионистички тенденции, особено од страна на НАТО и голем број други земји, секогаш преземала и ќе продолжи да презема мерки за обезбедување на сопствената безбедност“, рече Песков.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми