Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Сè е подготвено за пописот

Арсовски: Сè е подготвено за пописот
Dik 300x250 mk

Сè е подготвено за отпочнување на теренското попишување на 5 септември, населението со доверба ќе ги прими попишувачите, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Информира дека во сите комисии на 50-те пописни реони завршија обуките на реонските инструктори и потоа и на реонските попишувачи.

„Во деновите до недела, кога во 8 часот утрото попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела, секој попишувач, заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план на движење низ пописниот круг а сè со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство да не остане неопфатено“, рече Арсовски.

Кажа дека е сигурен дека населението со доверба ќе ги прими попишувачите и ќе ги даде потребните податоци кои, според него, ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина.

Можете да прочитате

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект