Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Алта банка падна, Обвинителство веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Во 2:30 по полноќ Народната банка на Србија објави дека ѝ ја одзема дозволата за работа на Алта банка и дека банката од денес е во стечај. 


Блокирани се сметките на граѓани и компании. Државни компании имаа депозити во банката. Сите што работеа со државата имаа налог да работат со Алта.

Со месеци наназад велиме: Алта е банка во сопственост на Александар Вучиќ, криминален капитал, сомнителни потекло. 

Со месеци бараме истрага, реакција од Обвинителство, Народна банка, Финансиска полиција.

Молчеа и не преземаа ништо, го штитеа Мицкоски и неговата Организирана криминална група, заедно со сестринската СНС.

Нема бегање сега.

Обвинителството уште денес да преземе сите мерки и да поведе кривични постапки против Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка на Македонија Славески и сите други што учествуваа во процесите околу Алта банка.

Мицкоски и неговата банда мораат да одговараат за штетата што им ја нанесоа на граѓаните на Македонија и на угледот на државата.

Можете да прочитате

По премиерата на новиот филм на Манчевски во Токио, фановите чекаа цел час за автограми

ДОМ: 6000 вработени без мерит систем: Владата ја партизира администрацијата преку задна врата!

Дождлив викенд во Македонија: Во недела наместа пообилни врнежи