Утрински Весник
Спорт

Мексико и САД во финалето на Голд купот

Мексико и САД во финалето на Голд купот

Фудбалските репрезентации на Мексико и САД ќе се борат за титулата на Голд купот. Ова ќе биде реприза од финалниот меч во 2019 година, ога Мексиканците славеа со 1:0. Низ историјата Мексико и САД шест пати имале меѓусебни дуели за титулата на Голд купот, САД победиле само еднаш, во 2007 година.

САД, со 1:0, славеа над Катар. Голот за победа го постигна Николас Зардес во 86.минута, откако претходно Катарците не реализираа пенал. Катар на покана на организаторот настапува на Голд купот.

Мексико во драматичен меч, со голот на Ектор Ерера, во деветтата минута од надополнувањето на времето, ја победија Канада со 2:1.

Мексиканците имаа предност со голот на Орбелин Пињеда, постигнат на истекот на првото полувреме, а Канаѓаните израмнија преку Таџон Бушанана во 57.минута. Мексико во 66.минута не реализираа пенал, преку Карлос Салседо.



> Мексико и САД во финалето на Голд купот <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026