Утрински Весник
Свет

(Видео) Лососите умираат поради високи температури во американските реки, телата им се полни со рани

(Видео) Лососите умираат поради високи температури во американските реки, телата им се полни со рани

Лососите во реката Колумбија во САД се изложени на неверојатно високи температури на водата во таа област, што предизвикува појава на црвени лезии и бели габи на телата на рибите. Затоплувањето на реката дојде по рекордниот топлотен бран на северозападниот брег на Тихиот Океан.

Во видеото објавено од непрофитната организација „Колумбија Риверкер“ во вторникот, се гледа група лососи кои пливаат во притока на реката. Нивните тела се покриени со рани предизвикани од стрес и прегревање.

Видеото е снимено кога температурата на водата надминала 21 Целзиусов степен, што е смртоносна температура за лососот, особено ако се изложени на истата во подолг временски период, пишува „Гардијан“.

Брет ван ден Хевел, извршен директор на „Колумбија Риверкер“, вели дека ситуацијата може да се спореди со човек кој се обидува да истрча маратон на температури над 38 Целзиусови степени.

Лососите кои се гледаат на снимката нема да може да се мрестат и најверојатно ќе умрат од болести и топлотен стрес.

Ван ден Хевел вели дека ситуацијата со топлотниот бран ја влошиле и големиот број брани кои со децении ги задржуваат водните струи и со тоа ги покачуваат температурите на водата.

Климатските промени и неодамнешниот смртоносен топлотен бран едноставно ја доведоа ситуацијата до крајни граници, посочува експертот.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади