Утрински Весник
Свет

ЕУ досега донираше само три проценти од ветените вакцини, поголемиот дел се од „Астразенека“

ЕУ досега донираше само три проценти од ветените вакцини, поголемиот дел се од „Астразенека“

Членките на Европската унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против ковид-19 на сиромашните земји, претежно „Астразенека“.

Документите покажуваат дека се донирани помалку од три проценти од 160 милиони дози што Унијата планира да ги сподели за да помогне во запирање на глобалната пандемија. Европската унија вети дека ќе помогне во вакцинирањето на најранливите луѓе ширум светот, но, како и другите богати земји, досега се фокусираше на купување дози на вакцини за сопствените граѓани, придонесувајќи за недостиг на вакцини во други земји, пренесува „Ројтерс“.

Членките на ЕУ имаат вкупно 365 милиони возрасни граѓани и досега добиле околу 500 милиони дози, а до крајот на септември годинава се очекуваат милијарда дози.

Сепак, до 13 јули ЕУ донираше помалку од четири милиони дози, според внатрешниот документ изготвен од Европската комисија.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп