Утрински Весник
Македонија

В недела започнуваат настаните преку кои ќе се одбележи 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

В недела започнуваат настаните преку кои ќе се одбележи 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на „Школка“ ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје.

Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а киното на отворено ќе се одржи в недела со почеток во 20:30.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на Школка“, порачуваат од скопската Зоолошка градина.

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него