Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски – ЗНАМ 2.0 нема да помине

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Групата што некогаш го водеше СДСМ. Денеска нов ЗНАМ 2.0. Андреј Петров. Игор Ивановски–Шема. Никола Ќуркчиев. Гордан Георгиев. Славјанка Петровска.


Истите луѓе што ја доведоа партијата до изборен пораз. Истата екипа што помогна да се направи ЗНАМ 1.0. Иста екипа што молчеше додека Мицкоски го делеше СДСМ.

Денеска таа екипа ја предава својата партија за тендерите на Мицкоски. Денеска за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра. Помалку од Дејвид Гета. За нив е само личен интерес.

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

Зошто некој би барал „реформи” токму сега – кога СДСМ е единствената опозиција што се бори против организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски?

Зошто токму на денот кога им кажавме на граѓаните дека трговец со оружје – уапсен, со казна платена од човек од кокаински канал, му ја плаќа агендата на Мицкоски?

Токму кога објавивме дека ВМРО-ОКГ планира грабеж на националните ресурси. Кога го објавивме планот за рудниците.

Токму тогаш се јавува „Платформата” и зборува за насилно преземање на СДСМ.

Луѓе што не се кандидираа за функции во партијата сакаат некого да сменат, себе да се постават.

И тоа од ресторан.  Од хотел. Не од партија.

Истите што на претходниот собир седеа со луѓе што немаат никаква врска со СДСМ – членови на други партии и бараа промени кај нас.

Истите што не сакаа да влезат на вратата од својата партија на разговор, туку прават обид за пуч. Недемократски обид да ги преземат органите на партијата.

Истите луѓе кои ги водеа штабовите по изборните единици и изборната кампања. Кои изгубија. Истите тие кои доживеаја најголем историски пораз на СДСМ на изборите. Тие истите бараат реформи?!

Постои начин како се станува член, функционер и претседател. СДСМ има статут и демократски избор.

Така било секогаш. Така е и сега. Никој од кафеана, ниту  од хотел нема да смени некого во СДСМ додека тој е со народот на терен се бори против организираната криминална група, бандата на Христијан Мицкоски.

Еднаш ја продадовте партијата. Овој пат нема да помине.

Џабе ви се орбановите медиуми што ве промовираат. Џабе ви се Латас и Ивона што ви ги туркаат текстовите за поддршка и соопштенијата на ВМРО-ОКГ.

Џабе ви се ботовите на СНС-платформите во служба на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се 1,6 милиони евра што ви ги дава Мицкоски преку тендери.

Нема да помине. Џабе ви е сè. СДСМ постоел и ќе постои и после вас.

Одиме со народот до победа над овој криминален режим. Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

Бандата ќе одговара.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ го награди послушниот Уставен суд – само 24 часа по цензурирањето на Левица, уставните судии си добија покачени плати

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација

Уапсен во Косово осомничениот за убиството во Дуќанџик