Утрински Весник
Магазин

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

Image 2026 09 27 192642250.png

„Со време од 4,27 секунди, шестгодишното девојче Лијан Јунџи двапати во рок од три дена го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка“, јави Би-би-си.

Јунџи, резултатот го постигнала по пет последователни сложувања и со тоа станува првата натпреварувачка во женска конкуренција која успеала да оствари просечно време помало од 4,5 секунди. Таа го соборила рекордот од 4,52 секунди, за веднаш потоа, на натпреварите одржани во Вухан и Гуангџоу, да постигне време од 4,27 секунди.


За да го постигне резултатот, шестгодишното девојче од Сечуан, Кина, минала низ исклучително строг и посветен процес на подготовка, вежбајќи од два до три часа дневно.

„Моменталниот светски рекорд во поединечно решавање на стандардна Рубикова коцка (3×3×3) му припаѓа на Теодор Зајдер од Полска, со остварено време од 2,76 секунди, додека пак, официјалниот светски рекорд во просек го држи Јихенг Ванг, со постигнат резултат од 3,51 секунди“, се наведува на официјалната онлајн страница на Светската асоцијација за сложување коцки (ВЦА).

Можете да прочитате

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија

Фолксваген повлекува четири милиони возила поради можен проблем со управувањето

Андора нуди плата од околу 3.000 евра за странски работници