Утрински Весник
Македонија

Во Скопје запленета дрога која била наменета за турскиот пазар

Во Скопје запленета дрога која била наменета за турскиот пазар

Вчера околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на бул.„Србија“ биле лишени од слобода лицата А.Р.(43) и Е.С.(29), двајцата од Скопје, кои се сомничат дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според МВР, при извршен преглед на такси возило, во кое се превезувал А.Р., биле пронајдени две ќеси со наркотична дрога марихуана, која требало да биде предадена на друго лице за да го изврши транспортот до Република Турција.

Малку подоцна на истиот булевар, запрено е патничко возило „цитроен С4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р., а управувано од Е.С. Во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по добиена судска наредба, извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени и запленети повеќе пакувања со марихуана, со тежина од околу пет килограми и вага.

Двете лица се приведени во Полициска станица Бит Пазар а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, велат надлежните.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

Десет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило, меѓу нив возачи без возачка дозвола и под дејство на алкохол

ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за нас, велат од СДСМ