Утрински Весник
Македонија

Во Скопје запленета дрога која била наменета за турскиот пазар

Во Скопје запленета дрога која била наменета за турскиот пазар

Вчера околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на бул.„Србија“ биле лишени од слобода лицата А.Р.(43) и Е.С.(29), двајцата од Скопје, кои се сомничат дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според МВР, при извршен преглед на такси возило, во кое се превезувал А.Р., биле пронајдени две ќеси со наркотична дрога марихуана, која требало да биде предадена на друго лице за да го изврши транспортот до Република Турција.

Малку подоцна на истиот булевар, запрено е патничко возило „цитроен С4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р., а управувано од Е.С. Во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по добиена судска наредба, извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени и запленети повеќе пакувања со марихуана, со тежина од околу пет килограми и вага.

Двете лица се приведени во Полициска станица Бит Пазар а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, велат надлежните.

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна