На Европското првенство во фудбал, во среда, ќе започне второто коло, во фазата по групи. По одигрувањето на денешните натпревари можат да се дефинираат позициите на репрезентациите, во групите А и Б.
Денот, во 15 часот, ќе го отворат Русија и Финска во Санкт Петербург. Русите, по катастрофалната игра и поразот од Белгија (0:3), немаат право на кикс, за нив победата е императив, доколку сакаат да играа во осмина-финалето.
Финците, по победата во чудниот меч против Данска, ќе играат на бод. Според сите прогнози четири поени во групата се доволни за пласман во нокаут фазата.
Императив на победа ќе имаат и селекциите на Турција и Велс, чии дуел во Баку ќе започне во 18 часот.
Турците ќе мора да го поправат впечатокот од првиот натпревар, кога беа прегазени од Италија со 0:3. Велшаните, по ремито со Швајцарија (1:1), исто така ќе атакуваат на победа. Три бода од овој дуел ќе им ја отворат врата кон осмина-финалето.
Италија, од 21 часот, ќе игра против Швајцарија. Азурите со победа ќе си обезбедат пласман во нокаут рундата.
> Да се биде или не за Турција и Русија, Азурите се фаворити против Швајцарија <