Утрински Весник
Македонија

ДОМ: 6000 вработени без мерит систем: Владата ја партизира администрацијата преку задна врата!

Dom logo.jpg

Соопштение за јавност на ДОМ:

Предлог-законот за трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос предвидува можност лицата ангажирани со договори на дело, авторски договори, на определено време и преку агенции да добијат траен статус во јавниот сектор. Според Владата, со ова решение би се опфатиле околу 6.000 лица.


ДОМ смета дека долгогодишниот ангажман на овие лица и нивната потреба за работна сигурност мора да се решат. Но, спорно е што решението не е проследено со јасни гаранции за стручноста, компетенциите и еднаквите можности. Во самиот предлог нема детална распределба на најавените 6.000 лица по институции, ниту е јасно колку од ангажманите одговараат на реалните кадровски потреби.

Тука се наметнува очигледната контрадикторност со јавните заложби на министерот Горан Минчев за департизација и професионализација. Не може министерот постојано да порачува дека компетентноста мора да биде мерило за работата, а тука да се прескокнуваат гаранциите за мерит-системот.

Затоа, ДОМ бара:

Целосна транспарентност и јавно објавени критериуми;

Претходна проценка на потребите за секое работно место и проверка на квалификациите;

Независно следење на постапката и редовно објавување податоци по институции.

Само така ќе се обезбеди работна сигурност за ангажираните лица, а ќе се заштити и јавниот интерес преку ефикасно користење на средствата на даночните обврзници. Не станува збор за тоа дали овие луѓе заслужуваат сигурност, туку дали државата ќе ја искористи оваа можност за вистинска професионализација или само ќе ги претвори постојните ангажмани во трајни вработувања.

Минчев не може да се залага за департизација и вработување според заслуги, а да не понуди јасни гаранции дека истите принципи ќе важат и при оваа трансформација. Клучот за вработување во администрацијата мора конечно да се пресели од партиските централи во рацете на професионалноста и компетентноста.

Можете да прочитате

По премиерата на новиот филм на Манчевски во Токио, фановите чекаа цел час за автограми

СДСМ: Алта банка падна, Обвинителство веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Дождлив викенд во Македонија: Во недела наместа пообилни врнежи