Утрински Весник
Свет

(Видео) Напад во близина на училиште во Кабул, загинаа над 40 луѓе

(Видео) Напад во близина на училиште во Кабул, загинаа над 40 луѓе

Најмалку 40 луѓе загинаа, а десетици се повредени, во неколку експлозии во близина на училиште во главниот град на Авганистан, Кабул.

Тоа е заедничко средно училиште за девојчиња и момчиња кои учат во три смени, од кои втората е за учениците кои претрпеа најмногу во нападот“, изјави портпаролот на Министерството за образование.

Снимките прикажани на локалната телевизија „Толо њуз“ покажаа драматични сцени пред училиштето, книги и училишни торби расфрлани на патот со траги од крв, а жителите брзаа да им помогнат на жртвите.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан претходно изјави дека бројот на загинати е 25, но тој не ги прецизираше причините за експлозиите, а портпаролот на Министерството за здравство рече дека досега 46 лица се префрлени во болници.

Ниту една група не презеде одговорност за нападот, а портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид го негираше учеството на бунтовничката група и го осуди инцидентот.

Можете да прочитате

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена

Рекорден топлотен бран ја погоди Европа, научниците се шокирани