Утрински Весник
Свет

(Видео) Функционер од Општина Бујановац го извади српското знаме и го закачи албанското

(Видео) Функционер од Општина Бујановац го извади српското знаме и го закачи албанското

Заменик претседателот на општина Бујановац, Шќиприм Муслију, го тргна српското знаме од јарболот и го подигна знамето на Албанија, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, инцидентот се случил вчера наутро во селото Кончуj, кое инаку се наоѓа на административната линија меѓу Косово и Метохија и централна Србија.

Како што наведуваат медиумите, српското знаме е извадено од јарболот покрај спомен-обележјето на паднатиот член на терористичката ОВК, Фатмир Ибиши, а претходно непознато лице го отстранило знамето на Албанија од истиот јарбол.

Муслију дури го запрел сообраќајот на автопатот со цел да се сними сето тоа, а видеото наскоро се појави на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај граѓаните кои побараа итна реакција од државата, пренесува српски „Блиц“.

Можете да прочитате

Лажни дојави за поставени бомби на европските летови – неколку авиони извршија принудно слетување

ЕУ ги повика граѓаните да подготват храна и вода за 72 часа – од што стравува Европа?

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф