Утрински Весник
Свет

Во Србија 5.297 нови случаи на коронавирус, 37 лица починаа

Во Србија 5.297 нови случаи на коронавирус, 37 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 5.297 нови случаи на коронавирус, а 37 лица починаа, објави српското Министерство за здравство.

Расте бројот на пациенти на респиратор – 243 лица, што е за пет повеќе отколку вчера. Во болница се лекуваат 6.349 лица.

Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани 566.669 случаи на коронавирус, а починале 5.039 лица.

Стапката на смртност е 0,89 проценти. Досега, во Србија се тестирани вкупно 3.313.232 лица.

Можете да прочитате

Иран објави дека во антивладините протести се убиени вкупно 3.117 лица

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во израелкси напад во источен Либан

Американската војска нападна брод во источниот Пацифик, тројца загинати