Утрински Весник
Свет

За успешна борба против Ковид-19 Франција препорачува работа од дома

За успешна борба против Ковид-19 Франција препорачува работа од дома
300x250 (7)

Во Франција, повеќе луѓе треба да работат од дома за да го спречат ширењето на коронавирусот, рече владата, додавајќи дека надлежните ќе воведат посилни проверки и санкции против компаниите кои доволно не ги почитуваат мерките.

По состанокот, владиниот портпарол Габриел Атал изјави дека ситуацијата се влошува низ целата земја.

300x250 (7)

Покрај тоа, тој рече дека владата може да додаде уште три региони на својата листа на ризични области што треба внимателно да се следат и за нив е можно воведување на рестриктивни мерки.

„Ситуацијата со епидемијата е лоша“, нагласи Атал.

Според надлежните, болничкиот систем во Франција е под голем притисок поради зголемувањето на бројот на пациенти од Ковид-19.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон