Утрински Весник
Македонија

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

Img 6931.jpeg

Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а управувањето со банката го преземаат лица определени од централната банка. Одлуката на Извршниот одбор веќе е во сила, соопшти гувернерот Трајко Славески на вонредна прес-конференција.

Со цел да се зачува имотот на банката, во следните денови ќе важат ограничувања за плаќањата од сметките на клиентите. За физичките лица е определен неделен лимит за одлив од сметките во износ од 10.000 денари.


Славески посочи дека мерката е од привремен карактер.

Одлуката следува откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на српската Алта банка, која е мнозински сопственик на Алта банка АД Битола. Сопственикот на српската банка, Давор Мацура, е член на управувачките органи на двете банки.

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески

„Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказна