Утрински Весник
Свет

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, се претпоставува дека до 25 луѓе се заробени во урнатините.

Телевизиите објавија како куче спасувач трага по преживеани под урнатините на зградата во Биванди, на периферијата на Мумбај.

Локалните власти соопштиле дека загинале осум луѓе, објави индиската новинска агенција АНИ.

Шефот на Националните сили за катастрофи, Сатја Прадан, напиша на Твитер дека од 20 до 25 луѓе се заробени, а на терен се спасувачките служби.

Уривањето на згради во Индија е чсета појава, особено во сезоните на монсунски дождови, поради стари и често противзаконски градби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда