Утрински Весник
Свет

Неколку луѓе повредени во повеќе напади со нож во Бирмингем

Неколку луѓе повредени во повеќе напади со нож во Бирмингем

Повеќе луѓе се повредени во напади со нож, во раните утрински часови во Бирмингем, централна Англија, соопшти полицијата утрово.

„Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани за напад со нож во центарот на Бирмингем“, соопшти полицијата на „Твитер“.

„Одговоривме веднаш заедно со службата за брза помош. Набрзо потоа беа пријавени уште неколку напади со нож во областа“.

„Свесни сме дека повеќе луѓе се повредени, но во овој момент не можеме да кажеме колкава или каква е сериозноста на повредите“, се вели во твитот.

Нема информации ниту за позадината на овие напади, ниту за идентитетот на сторителите.

Полицијата ги повика граѓаните да бидат смирени и внимателни и да се држат настрана од областа на нападот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот