
Министерот Агон Ферати оствари средба со претседателот на Матуситеб, Тахсин Ибрахим, на која во фокусот на разговорите беа застапеноста на турската заедница во државните институции и потребата од унапредување на нејзината положба во институционалниот живот.
За време на средбата се разговараше и за можностите за продлабочување на соработката со турските невладини организации, со цел подобра координација на активностите и реализација на проекти од заеднички интерес.
Посебен дел од средбата беше посветен на координацијата на активностите за одбележување на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, како и на значењето на активното вклучување на заедницата во општествениот живот. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на унапредувањето на социјалната инклузија, зајакнувањето на соработката меѓу институциите и заедниците, како и градењето на општествената кохезија, придонесувајќи за поинклузивно и пообединето општество.


