Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанушев: На 15 јули заедно со граѓаните ќе им порачаме на СДСМ и Заев, доста е за сите лаги

(Видео) Јанушев: На 15 јули заедно со граѓаните ќе им порачаме на СДСМ и Заев, доста е за сите лаги

На 15 јули заедно со граѓаните ќе им порачаме на СДСМ и Заев, доста е за сите лаги и лажни ветувања, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој беше во посета на општина Зелениково.

„Покрај бројните проекти она што го планираме е порастот на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста, а она што е особено битно исто така за овие луѓе во делот на земјоделието, но и на обновата на фасадите во домовите. Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања односно лаги на СДСМ овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река кој што и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна на градоначалникот односно локалната самоуправа, но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено“, кажа Јанушев.

Затоа, додаде тој, време е да кажеме дека е доста и оваа влада и овие политичари да заминат на темната страна на историјата.

„Ние сме различни. Ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма. Сето она што е ставено во програмата во проектот обнова ние земаме обврска, се обврзуваме пред граѓаните дека истото ќе биде почитувано и истото ќе се реализира во следниот период од 4 години“, рече Јанушев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег