Утрински Весник
Свет

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Од овој викенд, посетителите на Ајфеловата кула повторно ќе можат да уживаат во пијалок на летната тераса на ова париско обележје.

Кулата беше затворена кон средината на март поради епидемијата на коронавирусот, а истата беше повторно отворена за посетителите на 25 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Терасата на Ајфеловата кула зафаќа површина од 57 метри и има бар, може да прими од 300 до 350 посетители, а секој четвротк и петок ќе биде организирана забава со диџеј.

Сите посетители мора да носат маски и да го почитуваат физичкото растојание.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат околу седум милиони луѓе годишно, од кои 75% се странски туристи, но заради моменталната состојба, се очекува годинава повеќето посетители да бидат од Франција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Избрани 12 поротници за судењето против Трамп

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

Израел изведе напади на југот на Сирија