Утрински Весник
Македонија

60-годишен маж измамен за сума од 18.500 денари

Велешанец со измама останал без 18.000 денари

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Велес, 60-годишен жител на општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин.

Како што информира полицијата, лицето побарало од него, при доаѓањето во Скопје, на друго лице да му даде 18.500 денари, кои ќе му ги врател кога ќе се сретнат, но откако ги дал парите и пристигнал во Скопје, повеќе пати безуспешно се обидел да стапи во контакт со лицето, по што сфатил дека бил измамен.

Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Кузеска: Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2″ и го врати криминалниот имот

Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите Талир 1 и Талир 2:  Конечно правдата е задоволена за ВМРО-ДПМНЕ

ОЈО поднесе обвинителен предлог против екс директорот на СОЗР