Утрински Весник
Македонија

Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Image 2026 10 20 094042118.png

Четири милиони денари вреден златен накит, што тетовчанец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица. Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење”, казниво согласно Кривичниот законик.

Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама.


Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан.

Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

Можете да прочитате

(Фото) По 13 години чекање, се подготвува отворање на патот од Водно до Сончев Град

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки

Ангелов по приведувањето на советникот во ДЗС: Пријавувајте ако ви бараат пари