Утрински Весник
Македонија

442 казни за брзо возење

442 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 442 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 213 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 229 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова носи пообилни врнежи од петок

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ