Утрински Весник
Македонија

253 казни за брзо возење

253 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 253 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 141 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

СДСМ: Седнале ВМРО со нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали  – тоа нема да го дозволиме

Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик – очекувам СДСМ да се приклучи на следниот состанок на работната група

Крмов: СДСМ бега од разговор за Изборниот законик – Левица е за една изборна единица и фер третман за изборната кампања