Утрински Весник
Македонија

241 казнет возач во Скопје

241 казнет возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 28 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, 22 санкции за користење мобилен телефон, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните