Утрински Весник
Македонија

Џан Ѕуо: До крајот на месецов се очекува кинеската помош, заеднички без дискриминацина да се бориме против Ковид-19

Џан Ѕуо: До крајот на месецов се очекува кинеската помош, заеднички без дискриминацина да се бориме против Ковид-19
Ss2

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Со заеднички напори, без дискриминација да се бориме против пандемијата на Ковид-19 и со меѓусебна соработка на земјите во светот да го зајакнеме здравствениот систем за благосостојбата на целото човештво, бидејќи тоа нема да биде во корист на една земја, туку на целиот свет, порача денеска кинескиот амбасадор во Северна Македонија, Џанг Ѕуо, кој истакна дека кон крајот на месецот се очекува да пристигне кинеската помош за земјава.

Тој денеска во кинеската Амбасада им додели донации на МИА, МРТВ и Вечер во заштитни ракавици, средства за дезинфекција на раце и површини и во таа прилика нагласи дека состојбата со пандемијата не смее да се политизира.

Img 5587

-Имаше обиди за политизација на пандемијата, на оцрнување на Кина. Кога гледам извештаи за починати од вирусот навистина сум многу трогнат, затоа сум против тоа Ковид-19 да се политизира, бидејќи вирусот не познава граници и ниту една држава сама не може да ја победи пандемијата, рече кинескиот амбасадор и додаде дека во текот на борбата против вирусот во Кина, неговата земја добила поддршка од над 140 држави.

Тој нагласи дека граѓаните на Северна Македонија, како и кинеските граѓани се борат против пандемијата и додаде дека двете земји се заедно во таа борба и оти заедништвото е начинот на кој може да се извојува победа.

Кон крајот на овој месец, како што информира Џанг Ѕуо е планирано да пристигне кинеската помош за Северна Македонија. Со властите на земјава се уште го договараат прецизниот датум, бијдеќи како што рече, тешко е во моментов да се организира транспорот.

Деновиве имало контакти и на ниво на збратимени градови за помош во справувањето со Ковид-19. Збратимениот град на Скопје, Нан Чанг планира да испрати 50 илјади маски, збратимениот град на Прилеп, Де Јанг планира да испрати заштитни одела.

– Велиме пријателот во неволја е поблизок и од брат и затоа ние заедно ќе победиме, рече кинескиот амбасадор при доделувањето на донациите и им се заблагодари на медиумите, бидејќи ја информираат јавноста за пријателството и соработката меѓу двата народа. ац/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово