Утрински Весник
Македонија

ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти неколку диви депонии во Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром

ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти неколку диви депонии во Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

-И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини. Апелираме до надлежните инспекциски служби да започнат да дејствуваат на терен и соодветно да ги санкционираат овие прекршувања на Законот за јавна чистота, со цел да се заштити животната околина и јавното здравје од потенцијалните штетни последици од ваквото несовесно однесување, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Тој посочи дека за да го одржиме максималното ниво на хигиената на јавните површини во градот Скопје, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции на терен, а не само на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците